Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе учествува на заедничкиот состанок на министрите за одбрана и за внатрешни работи на Централно-европската одбранбена соработка и Салцбург Форумот, како и од земјите од Југоисточна Европа, којшто ќе се одржи во Виена.
На состанокот е најавено учество на министри и заменици министри за одбрана и внатрешни работи од 14 држави.
Министерот Јолевски ќе говори на тема „Здружено менаџирање на предизвиците од миграциите“. Претходно, ќе се обратат министрите за одбрана и за внатрешни работи на Австрија, Ханс Петер Доскозил и Волфганг Соботка, чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки и министерот за внатрешни работи на Унгарија, Сандор Пинтер.