А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Расветли тешки кражби извршени во куќи и викендици во општина Штип

by А1он07/02/2017 - 15:23123
Share0

Шест кривични дела тешки кражби извршени во куќа и викендици кои се случиле на територијата на општината Штип расветлија полициските службеници од полициската станица-Штип во рамките на СВР-Штип.

Добивај вести на вибер

Како што информираше на денешната прес-конференција портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за само три дена расветлина е кражбата во куќа на улица „Сутјеска“, каде што 22-годишен штипјанец со крешење на прозорецот влегол во домот на 57-годишната штипјанка и одзел 20 лири, 5.000 евра, телевизор, дигитален рисивер, музички систем и други предмети во вредност од половина милион денари. Полицијата кај сторителот пронашла дел од предмети, по што се вратени на сопственичката.

– Расветлени се и пет кривични дела –тешка кражба извршени на трети февруари, годинава во викендици во место викано Кумлак, атар на Штип, од каде што осмоничените лица на возраст 22-годишен и 25-годишен штипјанец одзеле разни предмети, како земјоделски алати, пластична туба наполнета со ракија и други предмети, кои од страна на полициските службеници се пронајдени се вратени на сопствениците, рече Панајотова.

Таа упати апел од име на СВР-Штип до граѓаните да преземат заштитни мерки против крадците, односно да не ги оставаат вредните предмети на видливи места, да се заштитат со безбедносни системи, да градат добрососедски односи и доколку забележат сомнителни лица во нивната населба веднаш да ја аламрираат полицијата на добро познатиот бесплатен број 192.

stip

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен