Истражување за туризмот во пограничниот регион Крива Паланка – Ќустендил

Од:

Регионалниот центар за соработка „Спектар“ од Крива Паланка во партнерство со здружението „Младински општински совет – Ќустендил” од Бугарија спроведува истражување на тема „Можности и предизвици во обезбедувањето на квалитетни туристички услуги и производи во прекуграничниот регион Бугарија-Македонија”.

– Целта на анкетата и истражувањето е да се процени статусот на туристичките услуги и производи во прекуграничниот регион Бугарија-Македонија и на оваа основа – изготвување на препораки за подобрувања, вклучувајќи ги квалификациите на персоналот, маркетинг и рекламирање, како и претприемништвото во туристичкиот сектор, изјави Методи Цветковски од „Спектар“.

Анкетата е насочена кон претставници на регионалните органи на власта, локалната власт, бизнис секторот, граѓанското општество, образовните и стручните организации, локалното население, како и туристите, посетителите и другите заинтересирани страни.

– При подготовката на проектот беше направено истражување во областа на претприемништвото во двата региони – Ќустендилската област во Бугарија и Североисточниот регион во Македонија и беа констатирани потешкотиите и предностите во областите од двете страни на границата. Врз база на анкетното истражување коешто се спроведува онлајн и ќе трае до 10 февруари, на полноќ, во претстојниот период ќе се спроведат работилници и тркалезни маси на оваа тема, истакна Цветковски.

Истражувањето е дел од проектот „СТЕПС – Поддршка на претприемништвото и популаризирање на услугите во туризмот”, кофинансиран од Европската унија, Бугарија и Македонија преку Програмата ИНТЕРРЕГ-ИПА ПС БГ-МК. Целта на проектот е зголемување на квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион преку зголемување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото меѓу младите.

– Првата работилница од проектот ќе се одржи на 24 февруари во Ќустендил, а на 25-ти во Крива Паланка. Целна група се младите над 18 години, невработени и студенти, рече Цветковски.

Предвидена е изработка на акциски план за поддршка на туризмот, врз основа на кој подоцна ќе се градат соодвени туристички продукти.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот