Ограбен 24-годишен велешанец во Скопје

Од:

Две непознати маскирани лица, вооружени со пиштол синоќа извршиле разбојништво над 24-годишниот Ј.Ф. од Горно Јаболчиште, Велешко.

Како што информира денеска МВР, разбојништвото се случило на улицата „Душко Поповиќ“ во Скопје.

Крадците му пришле од зад грб на Ј.Ф., му упатиле разни навредливи зборови и побарале пари. Тој извадил околу 6.600 денари и им ги дал на крадците.

Еден од сторителите со пиштолот го удрил Ј.Ф. во пределот на десното око, нанесувајќи му видлива повреда. Од ударот Ј.Ф. паднал на земја, а сторителите побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра