Русија ќе им забрани влез на Американци прекршители на човекови права

Од:

Русија ќе им забрани на Американците, кои ги прекршиле човековите права, да влезат на нејзина територија. Мерката е одговор на американските санкции за руски претставници, вмешани во смртта на правникот Сергеј Магнитски, кој почина во затвор, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Тој одлуката и ја соопштил на американскиот државен секретар Хилари Клинтон синоќа во Даблин.

Конгресот на САД вчера изгласа санкции за руски претставници, вмешани во смртта на Магнитски. Тоа ја налути Русија, која се закани со пропорционални мерки.

Претставник на руската Влада наведе дека на својата листа ќе стават толку луѓе колку што ќе стават САД.

Магнитски беше уапсен откако обвини полицајци и даночни службеници за злоупотреба и перење на пари. Тој почина во затвор на 37 години, откако беше мачен и не му беше дозволен лекарски преглед.

Според новиот закон на САД, што треба да биде потпишан од претседателот Барак Обама, вмешаните во смртта на Магнитски, како и другите што ги кршат човековите права во Русија нема да им се издаваат американски визи, а можно е и да им бидат замрзнати банкарските сметки во САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина