Мајк Илиќ го спасува Детроит

Од:

Мајк Илиќ, американскиот бизнисмен со македонско потекло, подготвува голем проект за обнова на неговиот роден град Детроит со изградба на населба на станбени и деловни објекти во центарот на градот.

Во центарот на населбата е предвидено да биде изградена голема повеќенаменска сала, во која веројатно ќе се играат натпреварите на хокеј тимот Црвените крила од Детроит на Илиќ.

Според Хафингтон пост, се очекува градежниот проект да отвори 8.300 работни места, од кои 5.500 само во спортскиот центар. Инвестицијата се проценува на 1,8 милијарди долари, од кои 650 милиони долари само за градежните работи, кои делумно ќе бидат финансирани со јавни средства.

Хафингтон пост пишува дека овој проект ќе може да ја искористи планираната законска измена која ќе овозможи ослободување на даноците за изградба на развоен проект во градските централни јадра. Проектот му е неопходен на Детроит, кој веќе со децении трпи тешка судбина предизвикана од колапсот на автомобилската индустрија.

Бројот на жители се има безмалку преполовено, од 1.200.000 во 1980 година на само 713.000 во 2010 година. Сиромаштијата и високата стапка на криминал се постојан проблем за преостанатите жители, особено во центарот на Детроит.

Мајк Илиќ е сопственик на синџирот пицерии Мал Цезар, еден од најголемите синџири во САД, како и на градежни компании и бејзбол и хокеј спортските тимови – Тигрите и Црвените крила од Детроит.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски