СДСМ: Осломеј откажа, го празнат и вештачкото Тиквешко езеро, за последиците ќе има одговорност!

Од:

„Укажуваме на криминалните власти веднаш да прекинат да ги празнат и уништуваат езерата во Македонија бидејки ќе има одговорност!

Раководството на ЕЛЕМ поврзано со криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ освен природното Охридско езеро, празни и Тиквешкото езеро преку хидроелекртаната Тиквеш.

Во прилог на ова соопштение може да се види во каква состојба е Тиквешкото езеро.

Несовесните власти на АД ЕЛЕМ посегнаа по максимално искористување на езерските води, во паниката дека скапиот увоз на струја зазема огромни размери во милиони евра за што ќе следува отчет.

Според нашите информации од неделата не работи термоелектраната Осломеј, што власта едвај ја подигна да произведува струја.

СДСМ постојано предупредуваше дека тендер политиките на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто ја користеше ЕЛЕМ за рајски градини и лично богатење на поединци наместо за вложување во енергетксите капацитети, ќе донесат штетни последици по граѓаните и државата.

Граѓаните во најстудената зима се оставени да зависат од скап увоз на струја, којшто достигна над 6 милиони евра, а домашна струја нема, бидејки единствениот комбинат што работи е РЕК Битола, и тоа со постојани падови на системот по криминалните реконструкции.

Поради сето ова, да се спасат езерата во Македонија и граѓаните од плафонски сметки за струја што им ги наметнува власта во заминување, итно е потребна нова одговорна Влада којашто ќе работи во интерес на граѓаните и ќе ги обнови сите домашни енергетски капацитети“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ