Берлин: Оперцијата Софија им помага на криумчарите на луѓе

Од:

Германската Влада призна дека мисијата на Европската унија за борба со шверц на мигранти во Средоземното Море, наречена Операција Софија, всушност им помага на криумчарите на луѓе, јави ДПА.

– Организациите за шверц на луѓе во пресметките го имаат и присуството на бродовите во водите, се вели во одговор на германската Валда на прашање на претставник на партијата Левица.

Според Берлин, овие шверцерски групи знаат дека меѓународните закони за морски сообраќај ги обврзуваат бродови на ЕУ да укажат итна помош.

Бродови на германската Воена морнарица спасиле 9.455 мигранти и бегалци во Средоземното Море од почетокот на операцијата во јуни 2015 година.

Уште 22.641 лице се спасени од другите 24 држави што учествуваат во операцијата, а 351 брод на криумчарите се уништени.

Би можело да ве интересира

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски