Меркел и официјално кандидат за канцелар на конзервативците

Од:

Германските Христијандемократи (ЦДУ) и баварскиот партнер ЦСУ официјално ја избраа Ангела Меркел за кандидат за иден канцелар на Германија.

По дводневниот состанок во Минхен, на кој беа затворни сите отворени прашања меѓу двете сестрински партии, особено барањето на ЦСУ за горна граница од 200 илјади примени бегалци во текот на една година, германските конзервативци се согласија за заеднички кандидат, кој во семтември во трката за канцелар треба да му се спротивстави на кандидатот на централнолевичарската СПД, Мартин Шулц.

-Постои едногласна подршка од двете партии за кандидатурата на Меркел, ијзави денеска лидерот на ЦСУ и премиер на Баварија Хорст Зехофер, кој што во предходните 18 месеци беше еден од најжестоките критичари на политиката на отворени врати за бегалците поради тоа што неговата покраина Баварија беше прва на удар од бегалскиот бран од Сирија, Ирак и Северна Африка. Во екот на бегалската криза во 2015 година Зехофер се закани дека, иако се партнери во владата, ќе покрене тужба против Меркел и нејзината партија ЦДУ пред федерланиот Уставен суд.

На прес конференција во Михнен Меркел повторно го отфрли барањето на Зехофер за горна граница за прием на бегалци, но порача дека заедничка цел на двете партии е да не се повтори кризата во која над милион бегалци влегоа во земјата.

Според неа, ЦДУ и ЦСУ почнуваат да работат на заедничката изборна платформа за септемвриските избори.

Двете партии заедно на сојузно ниво имаат околу 36 отсто доверба, што заедно со 23 отсто доверба што ја ужива СПД значи дека во Германија е можна уште една голема коалиција која што владее со земјата од 2013 година.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ