Пронајдена муниција, бомби и гранати во подрум на зграда во Чаир

Од:

Во подрумски простории од станбен објект во населбата Чаир се пронајдени две кофи полни со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати.

Полицијата соопшти дека вчера во 15:22 часот во ЕИК-Скопје пријавено е дека во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир, пронајдени биле две кофи полни со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати.

При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, полицијата пронашла 19 гранати калибар 40 мм во реденик, 12 гранати 40 мм залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби кинеско производство, еден упаљач за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм и 10 куршуми калибар 7.62мм боева муниција.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он