Санкциите воведени кон Русија мора да останат во сила се додека помагаат за прекин на борбите во источна Украина, и покрај почетното отворање на американската администрација спрема Москва, порачуваат денеска од Брисел.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека Брисел нема да признае никогаш припојување на Крим кон Русија и нагласи дека двете страни мора да го почитуваат мировниот договор од Минск.
– Не можам да кажам каков е ставот на американската админстрација за тоа прашање, но можам да кажам каков е ставо на ЕУ, изјави таа при пристигањето на состанокот на министри за надворешни работи на Унијата.
Борби меѓу украинските и проруски сили избија минатата недела во источна Украина и во нив загинаа најмалку 33 лица и десетици се ранети. Повеќе од 9.800 луѓе загинаа откако во источна Украина во 2014 година почна војната.