Натпревари од 3.коло во Ц и Д групите на ЕП за ракометарки

Од:

На ракометниот шампионат за жени кој се одржува во Србија, денеска на четвртиот натпреварувачки ден, ќе се одиграат натпреварите од 3.коло во групите Ц и Д.

Двојките се: Ц група (Нови Сад): Унгарија – Шпанија (почеток 18:15 часот) и Хрватска – Германија (20:15 часот).
Табела: Шпанија 4, Унгарија 2, Хрватска 2, Германија 0.

Д група (Вршац): Русија – Исланд (18:05) и Романија – Црна Гора (20:15).
Табела: Црна Гора 4, Романија 3, Русија 1, Исланд 0.

Македонската репрезентација има слободен ден исто како и другите селекции од групите кои се играат во Ниш и во Белград.

Вчера беше комплетирано 2.коло со натпреварите во А и во Б групите:

Б група (Ниш): Македонија – Шведска 15:26 и Данска – Франција 28:27.
Табела: Шведска 4 бодови, Франција 2, Данска 2, Македонија 0.

А група (Белград): Србија – Украина 25:23 и Норвешка – Чешка 21:19.
Табела: Норвешка 4, Чешка 2, Србија 2, Украина 0.

Пласман во следната фаза досега имаа изборено селекциите на: Норвешка, Србија, Чешка (А група), Шведска, Франција (Б група), Шпанија, Унгарија (Ц група), Црна Гора и Романија (Д група).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ