Нетанјаху: Владата на Тереза Меј нуди „нови можности“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред посетата на Лондон изјави дека Владата на британската премиерка Тереза Меј нуди „нови можности“ за соработка меѓу Израел и Велика Британија.

Изјавата е дадена пред неговите средби со Меј и со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон и во неа се изразува надежта дека официјален Лондон ќе застане зад Израел заедно со САД, против, како што се вели, иранската закана.

– Прашањето за Иран е една од главните теми за кои ќе разговарам со Меј и Џонсон, изјави Нетанјаху.

Отворањето на темата за „иранската закана“ од страна на Израел, доаѓа по минатонеделната ракетна проба на иранската армија во рамките на воената вежба, што во Техеран се објаснува како проба на одбранбената способност на Иран.

Веднаш потоа, американската Админстрација воведе нова серија санкции против Техеран, додека Нетанијаху, подоцна и официјален Ријад, побараа „дисциплинирање на Иран“, како одговор на неговата „агресивна“ политика во регионот на Блискиот Исток.

Нетанјаху е најостриот критичар на договорот за иранската нуклеарна програма меѓу властуте во Техеран и меѓународната „шесторка“, што ја сочинуваат постојаните членки на Советот за безбедност на ОН и Германија.

Поради договорот, Нетанијаху влезе во најостриот досега судир со Вашингтон и тогашната администрацијата на Барак Обама, при што на претседателските избори во САД застана отворено зад републиканецот Доналд Трамп, кој исто така го осуди договорот и се закани со негово неспроведување.

Нетанијаху смета дека новата Админстрација во САД, како и Владата на Тереза Меј, нудат нови можности, иако не посочуа за какви можности и за каква нова соработка би станало збор.

Велика Британија е еден од потписниците на нуклеарниот договор со Иран, по што беа подобрени односите меѓу Лондон и Техеран и одново беше отворена британската Амбасада во иранскиот главен град.

Официјален Лондон засега цврсто стои на позициите дека изградбата на еврејски доселенички населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим е „илегална“, затоа што станува збор за територии кои според меѓународното право „се окупирани“.

Опозициските лабуристи денеска ја предупредија Меј дека не смее да се повлече од „непоколебливата“ поддршка за правата на Палестинците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

ВИДЕО: Израел првпат нападна во центарот на Бејрут, илјадници Либанци ги напуштаат домовите

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Израел му забрани влез во земјата на шефот на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Прва реакција на врховниот лидер на Иран: „Одете си од регионот“

Катерина Ѓуровски

Да не се патува во Израел, Либан и Иран повика Министерството за надворешни