Лејно ја има најдобрата одбрана на колото во Лигата на шампионите

Од:

Голманот на ЖРК Вардар Амандин Лејно имаше одлична партија во второто полувреме на саботниот дуел со Мец во Лигата на шампионите. Таа против сонародничките од Франција кога беше најпотребно одбрани неколку удари. Една нејзина одбрана се најде на врвот во изборот за најдобра одбрана прогласена од страна на ЕХФ.

Вардар иако во текот на најголемиот дел од средбата имаше „комотно“ водство, на крајот ги освои бодовите по неизвесен финиш победувајќи со 31:28.

Македонскиот шампион и во ова второ коло од главната групна фаза има своја претставничка во некој од изборите на ЕХФ. Во првото коло тоа беше Андреа Пенезиќ кој беше една од трите ѕвезди, а потоа и избрана од страна на навивачите за играч на колото.

Вардар е лидер во Групата 1 со 11 бодови од можни 12.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска