„Осмели се, започни свој бизнис!“, е мотото на „Европската стартап недела“ што почнува денеска, а во која со активности се вклучува и Скопје заедно со уште 220 градови од 40 држави.
Главна цел е промовирање на претприемништвото и можностите кои се на распологање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис.
„Европската недела на стартапи“ ќе се одвива на повеќе локации во Скопје со секојдневни работилници и предавања. Ќе трае до 10 февруари кога ќе се одржи завршна конференција во ЕУ Инфоцентар.
Во активностите се вклучени успешни претприемачи, иноватори, компании, институции и организации клучни за поддршка на новите стартап бизниси.