СДСМ: Шилегов не купил стан, а наскоро ќе дознаеме како се богателе Груевски и режимот

Од:

Од СДСМ одговорија со писмено соопштение на прозивките на Драган Данев за анкетниот лист на пратеникот Петре Шилегов од СДСМ.

„Во Македонија ќе има правда и сите кои се збогатиле на криминален и незаконски начин ќе одговараат.

Граѓаните знаат дека криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ 10 години се богати со злоупотреба на нивни пари од Буџетот, а за тоа не реагираат окупираните институции од оваа партија.

Граѓаните исто така знаат дека истите тие институции веднаш ќе реагираа ако имаше што било незаконско поврзано со претставниците од СДСМ, со чии имиња манипулира ВМРО-ДПМНЕ .

Лажните вести од ВМРО-ДПМНЕ не поминуваат повеќе бидејки преставиците на СДСМ својата имотна состојба ја имаат пријавено транспарентно, согласно законите.

Конкретно, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, за станот за којшто лажеше денеска Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ дека бил купен лани, има јасно наведено во Анкетниот лист дека е наследство од родителите на неговата сопруга.

Но граѓаните очекуваат и брзо ќе добијат одговори на други клучни прашања што се поврзани со трошења нивни пари.

Како поранешниот премиер Никола Груевски успевал лично да штеди по 10.000 евра месечно, во време кога неговата плата од околу 1.500 евра му била единствен приход?
Како со истата таа плата Груевски успеал да купи милионски плацеви на Водно, за што слушна цела јавност од проектот Вистината за Македонија и каде се тие плацеви во неговиот Анкетен лист?
Како Никола Поповски дошол до стан од 13.800.000 денари во Белгија? Зошто во време на безработица, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ имаат по две работни места: Емил Димитриев е и премиер и пратеник, Канческа Милевска е и министерка и пратеничка, Никола Тодоров е и министер и пратеник. Антонио Милошоски е и пратеник и нотар…

Над 612.000 граѓани избраа промени и гласаа против корумпираните политичари и режимот на Никола Груевски. Затоа ќе има нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија којашто ќе работи чесно, отчетно и транспарентно, а за сите злоупотреби на нивните пари и интересите ќе покрене одговорност!“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски