ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е во првите 20 најдобро рангирани здравствени системи во Европа

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на прес-конференцијата на Злате Мехмедовиќ од СДСМ, кој кажа дека Македонија е во врвот во Европа по смртни случаи во здравството.

„Факт е дека во време на СДСМ македонското здравство воопшто не беше ни рангирано на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ).

Факт е дека ова е така затоа што ЕХЦИ не рангира корупција, купување ѓердани за колешките како што тоа го правеше Владо Димов од СДСМ, ниту пак се рангираат стентовите кои под маса ги продаваа функционери на СДСМ директно уценувајќи ги граѓаните и ставајќи им цена на нивниот живот која ако не ја платат на корумпираните продавачи на живот од СДСМ, не им се пишува добро.

Факт е и дека со најновото рангирање на овој индекс Македонија е меѓу првите 20 најдобро рангирани здравствени системи во Европа, рангиранa повисоко од поголем број развиени европски земји и земји од регионот, меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, и други држави.

Факт е дека македонското здравство денес според ЕХЦИ е највисоко рангирано во делот на достапноста на здравствените услуги, и е прворангирано по индикаторот “bang for the buck”, односно што се добива како здравствена услуга во однос на вложените средства.

Факт е дека благодарение на системот „Мој Термин“, Македонија е посочена како пример за редуцирање на времето на чекање практично на нула и во тој контекст како позитивен пример е споредена и со земја како Шведска.

Факт е дека веќе неколку години по ред, системот „Мој Термин“ е реформа која се препорачува за имплементација и во другите европски земји. Напредокот на Србија на ова рангирање се должи во голема мера на имплементирањето на систем по примерот на „Мој Термин“.

Ова се непобитни факти кои се признаени од сите релеватни фактори во Европа, освен од “експертите” на СДСМ кои очајно се обидуваат да манипулираат со македонската јавност.

СДСМ никако не може да прифати дека со нивните проекти како „Мој Ѓердан“ и „Мој стент на црно“ не се подобрува квалитетот на здравството. Затоа СДСМ е поразен од граѓаните десетти пат по ред на избори.“ стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор