Русија подготвена да ги обнови односите со САД

Од:

Русија е подготвена да го изоди својот дел од патот за обновување на односите со САД, на кои им беа нанесени сериозни штети од претходниот американски претседател Барак Обама, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за австриското списание „Профил“, пренесе ТАСС.

Според Лавров, во Москва внимателно се следат изјавите на претседателот Доналд Трамп за Русија.

– Неговата искажана позиција за неопходноста од воспоставување нормален дијалог меѓу нашите земји внесува определена надеж за позитивен развој на билатералните односи – забележа Лавров.

Ние сме подготвени да го изодиме својот дел од патот за заздравување на врските со САД, подвлече рускиот шеф на дипломатијата, според кого нивното влошување во текот на последните години не се случило заради вина на Москва, туку како резултат на „намерните активности на претходната администрација во Вашингтон“.

Русија „секогаш била отворена за тоа да се развива соработката врз основа на принципите на еднаквост, взаемно почитување и почитување на интересите едни со други“, додаде Лавров.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак