Спасени 120 мигранти покрај обалата на Триполи

Од:

Повеќе од 120 мигранти, меѓу кои имало и жени и деца, биле спасени денес недалеку од обалата кај Триполи, откако им се расипал моторот на бродот со кои што патувале.

Како што соопшти либиската поморска стража, мигрантите тргнале со брод во петокот од градот Сабрата, оддалечен 70 километри од Триполи, кој стана полигон за криумчарење на луѓе.

Либиските служби го пресретнале бродот со мигранти, воглавно од Африка, меѓу кои имало и 10 жени и 5 деца.

Во саботата Либија соопшти дека во претходните денови пресретнала повеќе од 400 мигранти кои се обидувале да стигнат до Европа.

Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на оваа година загинале 230 мигранти, обидувајќи се да стигнат до Европа.

Би можело да ве интересира

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски