Седум од десет грчки фирми не можат да ги исполнат своите даночни обврски, а само пет проценти тврдат дека ќе можат да платат данок, покажа истражување што го спроведе Атинската стопанска комора.
Друг голем проблем со кој се соочуваат фирмите е тоа што немаат пристап до банкарско финансирање и 51 процент се незадоволни од одговорите на нивните барања за финансирање, јави дописникот на МИА од Атина.
Атинската комора на мали и средни претпријатија соопшти и дека според најновите податоци на една новоотворена фирма, четири се затвораат.