Чекаш и пушиш, тоа го има само на Клиниката во Скопје

Од:

Додека инспекции хараат низ Скопје, пишуваат казни и забрануваат да се пуши дури и на терасите од кафулињата, слободно се пуши на Клиничкиот центар во Скопје.

Во “најдоброто здравство во Европа и Светот“ како што го претставуваше власта, пациентите од толку долго што чекаат, по се изгледа им е дозволено да пушат во ходниците и пред ординациите.

Покрај нив поминува персоналот на една од клиниките, но никој нема замерка што се пуши. Македонско здравство и се е можно. Во еден од последните извештаи на Министерството за здравство токму Македонија е посочена како пример за редуцирање на времето на чекање во спроедба со Шведска, па се вели:

“Како може Македонија да го редуцира времето на чекање практично на нула, а Шведска не може?“

Во конкретниов пример прашањето би било: „Како може во Македонија да се пуши додека се чека преглед, а во Шведска не може?“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника – никој не го санирал две години

Анита Петровска Рајковиќ

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

A1on

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

СЗО им објави „војна“ на електронските цигари

Жарко Настоски

Реконструирани паркинзите во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“

Ана Ололовска