Белата куќа истражува од каде протекуваат информации од телефонските разговори

Од:

Белата куќа ги истражува појавувањата во медиумите на деталите од телефонските разговори на американскиот претседател Доналд Трамп со лидерите на Австралија и Мексико, соопшти потпаролот Шон Спејсер.

„Претседателот е многу сериозен во врска со овие протекувања на информации“ рече Спејсер.

Вашингтон пост објави дека разговорот на Трамп и австралискиот лидер Малом Тарнбул не поминал најдобро. Според податоците од различни медиуми, кои се повикале на „информирани извои“, Трамп во текот на разговорот се налутил и прерано го завршил повикот.

Подоцна Тарнбул изјави дека е разочаран што деталите од разговорот со Трамп излегле во јавноста. Тој разговорот го опишал како многу искрен и отворен.

Австралискиот премиер рекол дека не е точно дека Трамп нервозно ја спуштил слушалата, туку дека разговорот завршил љубезно.

„Му благодарам на премиерот на Австралија што ја кажа вистината за нашиот љубезен разговор, а за кои лажните медиуми соопштија лажни вести“ напиша Трамп на Твитер.

Медиумите исто така имаа информации и детали и од првиот разговор на Трамп со претседателот на Мексико.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска