Винсент Виола му откажа на Трамп, нема да биде секретар на копнените сили на САД

Од:

Воениот ветеран Винсент Виола, кога американскиот претседател Доналд Трамп го номинира за нов секретар на копнените сили на САД, се откажа од понудената должност, соопшти синоќа Пентагон.

„Секретарот за одбрана (Џејмс) Матис е разочаран, но се разбира ја уважува одлуката на господин Виола“, се наведува во соопштението, при што се додава дека Матис наскоро ќе предложи нов кандидат за оваа функција.

Според весникот „Милитари Тајмс“, Виола се откажал од должноста поради судир на интереси поврзани со неговиот семеен бизнис.

Како што јави ТАСС, Виола поседува компанија за електронска трговија и е сопственик на хокеарскиот тим „Флорида Пантерс“.

Секретарот на копнените сили на САД му е потчинет на првиот човек на Пентагон и е задолжен за материјално-техничкото работење на Копнените сили на американската армија, како и за управување со нивните персонални и финансиски ресурси.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска