Судија од Сиетл ја урна забраната за влез во САД на Доналд Трамп

Од:

Федералниот суд во Сиетл синоќа времено го блокира спроведувањето на указот на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој на дежавјаните на седум доминантно муслмански држави им се забранува влез во САД.

Како што објавија американските медиуми, одлуката на фередалниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт важи за целата територија на САД.

Робарт ја донесе ваквата одлука врз оснува на жалбата што против указот на Трамп ја поднесе Јавното обвинителство на сојузната американска држава Вашингтон, со каја се бараше овој документ да се прогласи за противуставен.

Претставниците на американската Администрација ја оспоруваа наделжноста на Судот да решава по претседателскиот указ, но судијата Робарт ги отфрли ваквите аргументи, нагласувајќи дека Обвинителството ги доставило „неопходните докази дека документот нанесува непоправливи штети“.

По одлуката на Судот во Сиетл, американската Администрација најави дека ќе ја обжали пресудата во најкус можен рок.

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер изјави дека указот е законски и дека негово цел е да го заштити американскиот народ.

Минатата недела Трамп потпиша указ со кој се забранува издавање визи за влез во САД на државјаните на седум претежно муслимански земји од Блискиот Исток и Африка, со образожение дека тие можат да преставуваат терориситчка закана за националната безбедност.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска