Шулц со подобар рејтинг од Меркел според последните анкети

Од:

Во новото истражување на јавното мислење на телевизијата АРД се покажува дека социјалдемократите во Германија доста профитирале со номинацијата на Мартин Шулц за свој кандидат за канцелар.

Социјалдемократите сега имаат 28 отсто поддршка, што е за осум проценти повеќе во однос на минатиот месец, додека пак во директниот дуел за кандидат 50 отсто од испитаниците би го дале гласот за Шулц, додека само 34 отсто за актуелната канцеларка Ангела Меркел.

Парламентарните избори во Германија се закажни за 24 септември, а уште од сега се покажува дека ќе бидат доста интересни.

Рејтингот на демохристијаните на Ангела Меркел паднал за 3 отсто во однос на минатиот месец на 34 проценти.

Во првиот ден по објавувањето на кандидатурата на Шулц, 40 отсто од граѓаните го посакувале него за кандидат, додека Меркел 44, но за една недела сето тоа се прменило.

Најомилен германски политичар според анкетата бил поранешниот министер за надворешни работи и идниот претседател Франк Волтер Стајнмаер, со 79 отсто поддршка, додека втор бил министерот за финансии Волфганг Шаубле.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ