Евроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека на Македонија ѝ треба коалиција за реформи и поради тоа нема да биде проблем да бидат собрани потписите за мнозинство за формирање нова влада, пренесува Мета.
Жбогар за средбата со претседателот Ѓорѓе Иванов рече дека била „нормална средба по завршување на изборниот процес“.
„Тоа беше нормална средба што следува по завршувањето на изборниот процес. Имаше еден обид да се формира влада. Исто така, претседателот имаше консултации со претставниците на политичките партии, кои ги советуваше што е потребно за да го даде мандатот на следната личност“, рече Жбогар.
„Сите политички партии треба да бидат длабоко посветени на агендата на ЕУ. Ние мислиме дека нема да биде тешко да се обезбедат 61, па дури и повеќе од 61 потпис и новата влада да биде посветена кон реформите, а тоа е важно за целата земја. Токму поради тоа мислам дека нема да биде тешко да се соберат потписи за коалиција за да се спроведат реформите на Европската унија“, порача евроамбасадорот