ВМРО-ДПМНЕ: Министрите остануваат на должност до изборот на нова влада

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение регира на прес конференцијата на Петре Шилегов од СДСМ во кое ги обвинуваат СДСМ дека лажат и манипулираат и најавија кривична пријава против СДСМ и Шилегов за лажно пријавување.

„СДСМ лаже и манипулира секогаш, а особено сега, во паника после изборниот пораз.

Согласно членот 93, став 5 од Уставот на Република Македонија постоечката Владата на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада. Следствено на тоа, Претседателот на Владата и министрите кои се избрани за пратеници во Собранието на Република Македонија продолжуваат да ги извршуваат своите должности како членови на Влада се до избор на нова влада.

Ваков континуитет имаше Владата на која мандатот и престана поради распуштање на Собранието на Република Македонија до изборот на новата Влада во 2011 и во 2014 година, каде новоизбраните пратеници како членови на Влада ги извршуваа своите должности согласно Закон за Влада, односно до избор на нова Влада на Република Македонија во 2011 и 2014 година по спроведените предвремени парламентарни избори.

Ваков континуитет имаше и Владата од 2006 година во која што Владо Бучковски беше и Претседател и пратеник, а Радмила Шекеринска учествуваше на седниците на Владата, иако исто така беше избрана за пратеник. Функционерите на СДСМ тогаш ги извршуваа должностите се додека не ги предадоа кабинетите откако беше формирана новата Влада на ВМРО, а тие се преселија во Собранието како пратеници на поразениот СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ против Петре Шилегов и СДСМ ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело лажно пријавување.“

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?