Авиосообраќајот на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се уште се одвива отежнато. Поголем дел од планираните слетувања и полетувања се откажани, а дел се реализирани со задоцнување.
Од утринава се откажани полетувањата за Виена, Загреб и Истанбул, а со задоцнување се реализирани летовите на „Визер“ за Дортмунд, Брисел и Стокхолм.
Не се реализирани утринските слетувања од Истанбул, а авионите од Виена се вратени назад. Со задоцнување се очекува да се реализираат планираните слетувања од Виена и Дортмунд.
На патиштата низ државата нема магла, но сообраќајот се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.