Мајкл Фалон: Русија го користи хакирањето за да и наштети на демократијата

Од:

Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон ги обвини денеска Русија и нјзиниот претседател Владимир Путин дека ги користат хакирањето и кибер нападите за да се поткопува демократијата во САД и во Европа.

Во предавање на британскиот Универзитет Сент Ендрјус, министерот Фалон гообвини Кремљ за покренување камапња за дестабилизација на Западот, за што се користи ширењето лажни информации.

Тој побара од НАТО и од сојузниците да направат повеќе од досега, за да и се спротивстават на оваа закана, споменувајќи ги како примери за ваквото руско дејствување, инцидентот со одземањето на етерот на фрнацуската глобална тв станица ТВ5 Монд, нападот изведен на два пата врз комуникацискиот систем на Долниот дом на германскиот Парламент, сајбар нападот врз Бугарија во текот на претседателските избори во оваа земја и хакерските напади врз Демократската партија на САД, во текот на тамошната изборна кампања.

Фалон предупредува на заканата за руска интервенција во текот на германските избори, онака како што изведоа хакерски напади врз изборите во Црна Гора и врз референдумот во Холандија, за договорот на ЕУ со Украина.

Предавањето на британскиот министер, во кое тој остро се пресметува со кампањата за хакирање од Русија, доаѓа само една недела по излагањето на премниерот Тереза Меј во Филаделфија, во САД, во кое таа предупеди дека треба да се соработува со Русија, но дека во исто време, треба и да се внимава на неа.

Според министерот Фалон, сегашното однесување на Русија не може да се подведе како редовна работа на Москва, туку дека станува збор за план на Владимир Путин да биде стартешки конкурент на Западот.
„Станува збор за тестирање на НАТО и на Западот за проширувањето зоната на интерес и влијание на Москва, со дестбилизирање на државите и со ослабување на Алијансата„- рекол британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон, на предавањето во Универзитетот Сент Ендрјуз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми