СДСМ: Ќе мора да одговори Миноски за што во 2016 ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра месечно!

Од:

„Министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски , ќе мора да одговори за што ги задолжил граѓаните 484 милиони евра само во 2016 година.

Тоа значи дека секој месец од 2016, оваа власт во заминување ги задолжувала граѓаните и државата со нови 40 милиони евра!

Со 40 милиони евра, за само еден месец ќе можеа да се изградат 133 градинки во Македонија!

Ако власта во заминување на ВМРО-ДПМНЕ штедела за граѓаните, како што Груевски знаел да штедел на личните штедни книшки за шест месеци и износот од 240 милиони евра ќе се изградеа најмалку 3 нови клинички центри во Македонија!

Со целото задолжување од 484 милиони евра ќе беа изградени Чебрен и Галиште, со што Македонија немаше да биде зависна од најскапиот увоз на струја оваа зима, а граѓаните немаше да плаќаат високи сметки за струја.

Поради сето ова итно е потребна нова Влада што ќе води реални политики според потребите на сите граѓани на Македонија.

Ќе има одговорност за сите злоупотреби на парите и на интересите на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ