Габриел и Пенс: Улогата на НАТО е клучна за безбедноста во Европа и Северна Америка

Од:

Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, и германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, на средба во Вашингтон се согласија дека НАТО има клучна улога во осигурување на безбедноста во Европа и Северна Америка, соопшти денеска Белата куќа.

Пенс и Габриел укажаа дека сојузниците на НАТО треба да бидат посветени на тоа „сите рамноправно да даваат придонес кон нашата колективна безбедност“, се наведува во соопштението објавено по нивната вчерашна средба.

Двајцата истакнале и дека НАТО треба да им се спротивстави на заканите кон „нашите земји, како што се насилниот екстремизам и тероризам“, се додава во соопштението, пренесено од британските медиуми.

Американските медиуми претходно јавија дека Габриел треба да се сретне и со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Посета на Габриел на Вашингтон следи откако германската канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за имигрантите, како и во време на растечката загриженост во Берлин околу намерата на новата американска администрација за менување на условите за меѓусебната трговија, укажуваат американските медиуми.

Во пресрет на посетата Габриел го потенцира фактот дека САД на неговата земја веќе долго време им се „најблискиот сојузник надвор од Европа“.

Габриел изјави дека се надева на „добар, отворен и пријателски разговор“ со Тилерсон, наведуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја