Путин: Украина провоцира и глуми жртва за да добие пари од ЕУ

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека ситуацијата во Донбас се влошува бидејќи на Киев му се потребни пари, па се обидува да се прикаже како жртва во очите на ЕУ, пренесуваат руските медиуми.

Тој ја обвинил Украина за провоцирање на овонеделните борби во источна Украина и додал дека тоа е местенка, смислена за да се добие поддршката од новата американска администрација на претседателот Трамп.

Властите во Киев денес соопштија дека погинале двајца украински војници во индустриската зона на истокот од Украина, каде што украинските и про-руските сили пријавиле гранатирање на своите позиции во текот на ноќта.

Освен двајцата погинати, повредени биле уште десет војници, соопштија од прес службата на украинската влада.

Во Доњецк, самопрогласините власти соопштиле дека двајца цивили се повредени синоќа откако со проектили се гаѓани нивните домови, во северниот дел од градот.

И двете страни во 2015. година се обврзаа за прекин на огнот и повлекување на тешкото наоружување.

Од понеделникот најмалку десет луѓе загинаа во источна Украина и има уште десетици ранети, вклучувајќи и цивили на двете страни на фронтот.

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина