СДСМ: Нетпрес објави трета лажна вест од нивниот фалсификат, што повлекува кривична одговорност!

Од:

„Никој не може да го покрие неуспехот на Никола Груевски да состави Влада и неговиот страв од одговорност за криминалното владеење.

Објавените лажни вести со очигледни фалсификати од страна на порталот Нетпрес и медиумите на Груевски, повлекуваат кривична одговорност.

Порталот Нетпрес и денеска се повикува на непостоечки фалсификуван извештај и објавува клевети за СДСМ.

Уште еднаш укажуваме – лага е дека СДСМ има поднесено вкупен финансиски извештај за изборната кампања, како што тврдат во фалсификуваниот документ во прилог, на којшто со голо око е видлив допишаниот текст.

Уште еднаш упатуваме и на официјалниот линк до официјалната Веб страница на Државната изборна комисија, каде јасно се гледа дека СДСМ не поднела вкупен финансиски извештај:

Конечни финансиски извештаи за приходи и расходи на Политичките партии (21.11 – 11.12.2016)

Според тоа измислица е и објавеното за наводно непријавени,а потрошени средства.
СДСМ и коалицијата досега имаат поднесено два финансиски извештаи и имаат потрошено онолку средства колку што е наведено во извештаите на денот на нивното поднесување, согласно законските прописи и Изборниот законик.

Вкупниот финансиски извештај СДСМ и коалицијата ќе го достават по затворањето на трансакциската сметка, како што е предвидено во Изборниот законик.

Согласно член 71 став 6 од Изборниот законик, трансакциската сметка се затвора во рок од 3 месеци од денот на објавување на конечните резултати, што значи до месец март, 2017 година. По затворањето на сметката, СДСМ ќе го поднесе вкупниот извештај, за кој согласно Изборниот законик има рок од 30 дена.

СДСМ ги почитува законите, а финасиските извештаи на партијата редовно се анализирани од Државниот завод за ревизија.

Бараме порталот Нетпрес и медиумите коишто ја пренесуваат и денешната нова лажна вест којашто се базира на фалсификат да се извинат во законскиот рок од 3 дена. Во спротивно ќе покренеме соодветни правни дејствија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ