ЖРК Вардар подготвен за седмата победа во низа

Од:

Македонскиот првак Вардар влегува како фаворит во дуелот од второто коло на главната фаза од Лигата на шампионите за ракометарки против Мец. Избраничките на тренерот Давид Дејвис ќе се обидат да ја продолжат низата победи која трае веќе седум натпревари.

– Како и секогаш во Лигата на шампионите имаме тежок натпревар против Мец. Тие имаа многу добра прва фаза против Будуќност, на домашен терен ја победија, а на гости изгубија само со два разлика. Мислам дека е многу добра екипа и има многу добра одбрана, многу добри играчи, од кои три Французинки се дел од репрезентацијата, а имаат и една квалитетна ракометарка од Словенија. Имаат многу добра екипа, опасна и кога играат на гости. Ние мора да продолжиме со работа, и кога играме дома мора да играме двојно сконцентрирани и двојно посериозно, изјави Дејвис на денешната прес-конференција.

Вардар и Мец досега немале меѓусебен дуел во лигата на шампионките и ова ќе биде прва меѓусебна средба. Единствениот дуел со француска екипа Вардар го имаше во сезоната 2013/2014 кога во квалификациите во Италија го победија тимот на Флори Лоре со 33:25.

За Мец ова е 18. сезона во европските купови. Никогаш досега не ја минале Главната фаза, па сезонава нивната главна цел е да бидат меѓу четирите тимови во групата и да се пласираат во четвртфиналето.

Победа против Французинките очекува и крилото на Вардар, Сара Ристовска.

– Сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа дека од Подгорица ќе се вратиме со победа. Нормално дека ќе ја продолжиме серијата победи во натпреварувањето и ќе се приближиме чекор поблиску до Ф4 турнирот. Викендов играме со Мец, нормално и тие се желни, како и ние за победа, но не знам дали се свесни дека играат на гостински терен, посебно во оваа сала каде публиката е неверојатна. Мец не се за потценување. Имаат добар контранапад и би требало да ги спречиме таму. Играат и одлична одбрана, но мислам дека ние сме доста доволно спремни. Верувам во своите соиграчи, нормално како и нашите тренери во нас и се надевам дека ќе извојуваме победа зашто ова ни е прв натпревар годинава на домашен терен, рече Ристовска.

Натпреварот се игра в сабота од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска