Порошенко распишува референдум за членство во НАТО

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко планира да распише референдум за тоа дали неговата земја треба влезе во НАТО, во момент кога анкетите покажуваат дека 54 отсто од Украинците се за членство во Алијансата, објави денеска германската медиумска група „Функе медијенгрупе“.

– Пред четири години, само 16 отсто Украинци беа за влез во НАТО. Сега се 54 проценти, изјави Порошенко во интервјуто за оваа група.

Тој истакна дека како претседател се „раководи од ставовите на народот“ и најави дека ќе распише референдум за членството во НАТО.

– Ќе сторам се што е во моја моќ да станеме членка на НАТО, ако народот тоа го поддржи, рече тој.

Порошенко смета дека Украина наскоро ќе ги исполни пристапните критериуми за предружување кон Европската Унија.

– Европа треба да сфати дека би била побезбедна, подоверлива и посреќна со Украина, потенцира Порошенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности