Малолетнички од Скопје испиле голема количина на дијазепам. Станува збор за три ученички од седмо одделение во основното училиште „Даме Крапчев“ во Скопје.
Наставничката по историја вчера околу 12:30 часот забележала дека трите ученички многу чудно се однесуваат,по што случајот го пријавила кај директорот на училиштето,а потоа повикала и доктор.
Девојчињата биле однесени на Клиниката за токсикологија, каде лекарите констатирале дека имаа испиено голема количина дијазепами.
Девојчињата се надвор од животна опасност,а полицијата го истражува случајот.