Русија упати протест до Украина

Од:

Министерството за одбрана на Русија упати протест до украинскиот воен аташе поради опасниот лет Ан-26 над две руски нафтени платформи.

Во соопштението е наведено дека поради настанатата ситуација Министерството за одбрана го повикало воениот аташе на амбасадата на Украина и му врачило протестна нота.

– На украинскиот воен аташе му е врачен протест на Министерството за одбрана на Русија во врска со акцијата на украинската страна, во текот на која украински авион Ан-26 на 1 јануари од 11:30 до 12 часот извршил два опасни прелетувања над руските платформи „Таврида“ и „Крим-1“ на мошне мала висина, што создало закана за безбедноста на нивниот персонал и опрема, изјави официјалниот претставник на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски