Во Скопје во седум сообраќајки повредени 10 лица

Од:

Десет лица се повредени во седум сообраќајки од вкупно 12 што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 30 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 13 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 29 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, а затекнати се и 62 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 67 возило.

Денеска Одделението за превенција ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Денеска со почеток во 17:45 часот денеска во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу Ракометниот Клуб Вардар и Нексе, Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ