Кенет Кларк ги обвини Британците дека станале антиимигранти

Од:

Поранешниот британски министер во владите на Маргарет Тачер, Џон Мејџор и Дејвид Камерон, а сега пратеник на владејачката Конзервативна партија, Кенет Кларк ги обвини Британците дека станале антиимигранти.

Во дебатата во Долниот дом на Парламентот за предлог-законот за процесот на извлекување на Британија од ЕУ, Кларк истакна дека целата постапка за Брегзит се заснова на спротивставувањето на мигрантите.

Целата ситуација во земјата, овој британски проевропски политичар, кој е против Брегзит, ја означува како „катастрофална“ и смета дека Британија и Британците живеат во „налудничав свет“.

Во синоќешното гласање, големо мнозинство од 498 пратеници гласаа за владиниот предлог-закон. Против беа 114 пратеници, сите од Либералдемократската партија и од Шкотската национална партија (СНП), како и 47 пратеници од Лабуристичката партија, чие големо мнозинство го поддржа владиниот предлог-закон и само еден од ториевците – Кенет Кларк.

Изјавата на Кларк доаѓа во време кога американската, британската и европската јавност гневно реагираат на декретот на претседателот на САД Доналд Трамп со кој се забранува влез на државјани на седум муслимански земји.

Главниот дел од кампањата за британскиот референдум за ЕУ, од 23 јуни, минатата година, како и целата политичка и медиумска реторика на приврзаниците на Брегзит, беа насочени против мигрантите од земјите на ЕУ, а посебно на оние од источноевропските држави, сега членки на Унијата.

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис ги предупреди сите кои ќе гласаат против владиниот предлог-закон дека „практично, го игнорираат резултатот од референдумот“ на кои приврзаниците за излез од ЕУ добија 51,9 а оние кои беа против освоија 48,1 отсто од гласовите на Британците.

Гласачите во Шкотска и во Северна Ирска гласаа против Брегзит, додека мнозинството од Англија беше за напуштање на Унијата, но Лондон и делови од Англија, како областа Јорк, во огромен број се определија за останување на земјата во ЕУ.

Конзервативецот Кларк, кој во текот на референдумската кампања агитираше да не се прави „историска грешка“ со заминувањето од ЕУ, по 43 години членство и претходно, 10 години настојување да се влезе во поранешната ЕЕЗ, темелот на денешната Унија, смета дека британскиот дел од битката за Европа со синоќешното гласање не е завршена.

Тој го означи решението за излез од ЕУ и сегашното настојување на владата на премиерот Тереза Меј по секоја цена да се спроведе процесот на Брегзит, како „патувањето на Алиса во земјата на чудата“, предупредувајќи дека за Британија, тоа нема да биде ниту лесно, а ниту едноставно.

– Алиса на тој пат, меѓутоа, тргнува сама, додека Тереза Меј ги повлекува со себе конзервативците, половината од лабуристите и остатокот од земјата, реагираше на забелешката на Кларк, поранешениот лидер на СНП, Алекс Салмонд, сега пратеник во Парламентот во Лондон.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца