Папандреу сокрил 550 милиони евра

Од:

Поранешниот премиер на Грција Јоргос Папандреу имал отворено банкарска сметка во Швајцарија на која имало 550 милиони евра. Сметката е отворена на име на неговата 89 годишна мајка Маргарет Папандреу.

Веста произлегла по скандалот околу листата на Лагард на која се наоѓаат имиња на 2.059 грчки државјани кои префрлиле милиони на швајцарските банки.

Оваа листа на грчката Влада во 2010 година ѝ го испрати Кристин Лагард, тогашната француска министерка за финансии, а денес шефица на Меѓународниот монетарен фонд. Грчките истражни органи минатата недела ја завршија истрагата за тоа дали поранешните Влади пропуштиле да делуваат по добивањето на листата на Лагард. Истражните органи своите извештаи ги поднеле до Парламентот, а два грчки неделници објавија дека Никос Лекас, заменик-директор на финансиската полиција, на пратениците им го открил следново: Зад најголемата сметка на таа листа се крие госпоѓата Маргарет Папандреу. Таа наводно е вистинската, скриена сопственичка на сметката која формално гласи на име на друга грчка државјанка.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски