Шојгу: Внимателно ги следиме вежбите на НАТО во Црното Море

Од:

Руското Министерство за одбрана внимателно ја следи ситуцијата на Црно Море, каде НАТО извршува поморски вежби, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

– Голема група бродови учествуваа во вежбите на Црното Море. Некои се веќе таму, додека други се уште се на пат. Генералштабот и командантот на Јужниот воен дистрикт ги презедоа сите мерки за внимателно следење на таа група и нејзините активности на Црното Море. Можеме да видиме и под контрола да држиме се што таму се случува, рече Шојгу.

Рускиот министер изрази надеж дека вежбите ќе бидат одржани во најбезбедно опкружување и без какви било предизвици за Русија.

– Во спротивно ќе бидеме подготвени да одговориме на тие предизвици, заклучи Шојгу.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство