МФ: Јавниот и државниот долг се намалени во четвртиот квартал

Од:

„Соопштението на СДСМ е уште една класична манипулација на партијата, како дел од ПР кампањата која ја водат за јавниот долг. Секој кој ќе ја отвори веб-страната на Министерството за финансии може да го прочита извештајот за јавниот и државниот долг и да види дека и државниот и јавниот долг се намалени во последниот квартал од 2016 година.

Состојбата која ја објави Министерството за финансии вчера е заклучно месец декември. Како што на повеќе пати имаме истакнато, методолгијата која се применува за пресметка и прикажување на јавниот долг е усогласена со ММФ.

Иако СДСМ постојано се повикува на ММФ за разни економски теми, кога станува збор за јавниот долг на земјава секогаш испуштаат да кажат дека Фондот истакна дека Македонија води прудентна политика на јавен долг. Исто така, Фондот препорачува за земјите во развој каква што е Македонија, јавниот долг да се движи во границите меѓу 49% до 58%“, се вели во реакцијата на Министерството за финансии на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ