Помалку од две недели по стапувањето на должност на Доналд Трамп, стотици Британци ставаат облози дека американскиот претседател нема да помине ниту една година на функцијата.
Букмејкерот „Ладброукс“ дава коефициент 5,00 за веројатноста дека Трамп ќе биде сменет од претседателската функција во 2017 година.
– Неверојатно е колку многу луѓе ставаат облози за тој коефициент, дека ќе биде сменет уште во оваа година и дури на коефициент од 2,10 дека ќе мора да ја напушти функцијата поради импичмент или ќе поднесе оставка во текот на првиот мандат, изјави Метју Шадик, шеф на одделот за политички облози во „Ладброукс“.