Шпанскиот режисер Педро Алмодовар, кој ја доби канската награда за режија во 1999 година за филмот „Се за мојата мајка“, ќе претседава со жирито на 70-от Филмски фестивал во Кан, што ќе се одржи од 17 до 28 мај, објавија организаторите.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, ова е првпат во историјата на Канскиот филмски фестивал со жирито да претседава Шпанец. Алмадовар на ова престижно место го наследи режисерот на сагата „Лудиот Макс“, Австралијанецот Џорџ Милер.
Алмадовар никогаш не успеа да ја добие Златната палма, но годинава ќе одлучува кому таа ќе му припадне.