СДСМ: Нетпрес објави лажна вест со фалсификат, да ја повлече и да се извини!

Од:

Од СДСМ со писмено соопштение реагираа на објавата на Нетпрес за финансискиот извештај на СДСМ.

„Порталите на Никола Груевски не можат со лажни вести да го покријат неуспехот на Груевски да состави Влада. Потралот Нетпрес објави лажна вест, со таканаречен документ што не постои. Укажуваме дека порталот Нетпрес со тоа направил фалсификат што е кривично дело!

Во прилог на ова соопштение е лажниот документ од којшто со голо око може да се види дека станува збор за допишан текст со сино, што е класичен фалсификат.

Измислица е дека станува збор за вкупен финансиски извештај на СДСМ за изборната кампања. Вкупниот финансиски извештај СДСМ и Коалицијата ќе го достават по затворањето на трансакциската сметка, како што е предвидено во Изборниот законик.

Согласно член 71 став 6 од Изборниот законик, трансакциската сметка се затвора во рок од 3 месеци од денот на објавување на конечните резултати, што значи до месец март, 2017 година. По затворањето на сметката, СДСМ ќе го поднесе вкупниот извештај, за кој согласно ИЗ има рок од 30 дена.

СДСМ и коалицијата досега имаат поднесено два финансиски извештаи и имаат потрошено онолку средства колку што е наведено во извештаите на денот на нивното поднесување, согласно законските прописи и Изборниот законик.

СДСМ ги почитува законите, а финасиските извештаи на партијата редовно се анализирани од Државниот завод за ревизија.

Бараме порталот Нетпрес и медиумите коишто го пренесуваат овој класичен фалсификат и лажната вест да се извинат во законскиот рок од 3 дена. Во спротивно ќе поднесеме тужба“ стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда