Ученици од Штип прогласени за амбасадори на природата

Од:

Петтмина ученици од Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Штип се прогласени за амбасадори на природата во рамки на проектот „За зачување на природата“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Учениците со нивниот наставник по географија Виолета Иванова направија кампања како градот Штип да се заштити од шумски пожари, а нивниот проект е најдобро оценет од страна на тимот кој учествуваше во реализацијата на оваа проектна активност организирана од Центарот за развој на Источно-планскиот регион (ИПР).

Тие денеска беа на средба со градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Градоначалникот изјави дека општината им дава максимална поддршка за оваа кампања, бидејќи Штип не располага со големо шумско богатство, но она што го има на планините Плачковица и Серта треба да го зачува.

– Овој проект ќе го поддржиме за децата да имаат висока еколошка свест. Потребно е уште во основното училиште да се развива таквата свест. Затоа морам да им честитам на професорите од ООУ „Гоце Делчев“ за максималната вложеност, иницијативност и посветеност да работат на тој проблем, рече Захариев.

Претставникот од Центарот за развој на ИПР, Александар Николов истакна дека проектот „За зачувување на природата“ ќе продолжи и во наредните четири години, а очекува од него да се обезбедат средства за реализирање на кампањата којашто ја изработија учениците од ООУ „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски