Нетанијаху бара „казна“ за Иран за извршената ракетна проба

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху побара „казнување„ на Иран за извршената ракетна проба, оценувајќи дека станува збор за „флагрантно насилство„ на властите во Техеран врз резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Според израелските медиуми, Нетанијаху преку соопштение порачува дека во текот на неговите разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, предвидени за средината на идниот месец, ќе побара обновување на санкциите кон Иран.

По постигнатиот договор на Техеран и меѓународната заедница, за иранската нуклеарна програма, во 2015 година, и олеснувањето на санкциите, Иран има извршено неколку вакви ракетни проби.

Засега не е јасно, каков тип ракета била лансирана во текот на пробата, ниту дали со неа навистина била прекршена резолуцијата на ОН.

Во 2010 година, со посебна резолуција, на Иран му беше забрането да создава капацитете за изградба балистички ракати и да развива нуклеарно оружје, но таа резолуција престана да важи откако владата во Техеран и петте земји членки на Советот за безбедност, плус Германија, ја потпишаа спогодбата за контроверзната иранска нуклеарна програма.

Таа беше заменета со нова, со која се вели дека Иран не смее да развива своја програма за балистички ракети, способни да носат нуклеарни боеви глави.

Израелскиот премиер, инсистира на тоа дека Техеран ја прекршил резолуцијата, па затоа мора да биде санкциониран.

„Ова е иранска агресија, што не може да остане без одговор“, напиша Бенјамин Нетанијаху на својата интернет страница.

Израелскиот премиер е остар противник на спогодбата со Иран , тврдејќи дека таа е директна закана за еврејската држава.

Нетанијаху претходно порачуваше дека доколку биде потребно, Израел ќе ги нападне и уништи иранските нуклеарни простројки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вечерва силно ќе удриме на Блискиот Исток најави Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви

ВИДЕО: 80 проценти од ракетите ја погодија целта тврди Иран, Израелците велат нема извештаи за повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иран го потврди нападот на Израел: Ова е одмазда за убиствата на Ханија и Насрала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран го нападна Израел

Катерина Ѓуровски

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски