Социјалисти и демократи во ЕП: На СДСМ сега треба и се даде шанса да формира Влада

Од:

Групата на Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент бараат сега на СДСМ да и се даде шанса да формира Влада.

По дебатата за Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2016 година во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, потпретседателот на Групата на социјалисти и демократи, Витор Боштинару, изјави:

„Откако ВМРО-ДПМНЕ не беше во можност да состави влада до истекот на рокот, втората партија која освои најголем број гласови, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, треба да добие можност да состави мнозинска влада. Го повикуваме претседателот Иванов да создаде услови за брзо формирање на нова влада која целосно ќе работи на враќање на владеењето на правото, имплементација на Договорот од Пржино и итните реформски приоритети, но и ќе обезбеди поддршка за Специјалното јавно обвинителство.“

Известителот во сенка за Македонија од редовите на Групата на социјалисти и демократи, европарламентарецот Тонино Пицула додаде:

„Земајќи предвид дека прворангираната партија на која претседателот Иванов ѝ го додели мандатот не успеа да обезбеди мнозинство, очекуваме тој сега да се однесува одговорно и без предрасуди и истата можност да ѝ ја даде на второрангираната партија во Собранието, на што впрочем и упатува минатата пракса. Земјата мора итно да добие одговорна, стабилна и реформски ориентирана влада и така да излезе од долготрајната криза“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?