Поддршка за РК „Работнички“ од легендите Џексон Ричардсон и Оливие Жиру

Од:

Најстариот македонски ракометен клуб „Работнички“ оваа сезона се натпреварува во македонската Суперлига со млад и амбициозен состав. Скопскиот клуб од септември под водство на тренерот Благојче Весиќ настапува со младинци во најсилната македонска лига, а е дел и од младинската и пионерската лига и преку нив ја гради новата иднина на македонските ракометни таленти.

Идејата за возобновување на најстариот ракометен колектив и враќање на стариот сјај, засега останува само огромна желба на раководните лица. Некогашниот ракометен бренд не доби вистинска поддршка од ракометните мецени и се соочува со финансиска нестабилност. Токму затоа клубот започнува кампања за враќање на реномето на овој скопски клуб, објави 24ракомет.мк.

Една од првите ракометни легенди кои дадоа своја поддршка и придонес во напорите на раководството на скопскиот клуб за привлекување нови спонзори е Џексон Ричардсон.

За оние малкумина кои не го познаваат, Ричардсон е веројатно најдобриот француски ракометар на сите времиња. Како плејмејкер во францускиот национален тим има освоено две светски првенства (1995 и 2001), а со шпанскиот клуб Портланд Сан Антонио во 2001 ја освои и Лигата на шампионите.

Покрај некогаш најдобриот централен бек, своја поддршка за Работнички пристигна и од левото крило на таа прославена генерација француски ракометари, Оливе Жиру. Стручниот коментатор на националниот спортски сервис, пред две години го одложи своето пензионирање да му помогне на својот матичен клуб, па затоа без двоумење ја даде својата безрезервна поддршка за кампањата на Работнички.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ