Со натпреварот што се одигра вечерва во Белград, во кој шампионот Црвена Звезда славеше победа против Морнар со 82:71, комплетирано е 20. коло во регионалната кошаркарска АБА лига.
Македонските претставници во оваа рунда забележаа победи и тоа Карпош Соколи прв пат се радуваше на триумф на гостински терен, додека во неизвесен меч МЗТ Скопје Аеродром беше подобар од Мега Лекс.
Комплетни резултати и пласман по натпреварите од 20. коло:
Црвена Звезда – Морнар 82:71,
МЗТ Скопје Аеродорм – Мега 75:74,
Олимпија – Карпош Соколи 92:97,
Будуќност – Партизан 74:68,
Цедевита – Игокеа 89:78,
Задар – Крка 77:83,
ФМП – Цибона 84:75.
Пласман: Црвена Звезда 20-0 (победи-порази), Партизан 15-5, Цедевита 14-6, Будуќност 14-6, Цибона 11-9, Олимпија 9-11, Игокеа 9-11, ФМП 8-12, Карпош Соколи 8-12, Крка 7-13, Морнар 7-13, Мега 6-14, МЗТ Скопје 6-14, Задар 6-14.
Во следното коло, Карпош Соколи ќе биде домаќин на ФМП, додека МЗТ Скопје Аеродром ќе гостува во Љубљана кај Олимпија.